Високоефикасни термосоларни колектори и системи

Продажба, проектирање, монтажа и сервис на соларни системи за греење. Понуда на енергетски најефикасни соларни колектори и системи за топла вода.

Еден од најлесните и најекономичните начини за искористување на сончевата енергија е преку соларни термални системи. Термо-соларната технологија се користи за собирање и претворање на сончевата енергија во топлина како што се загревање на вода и воздух, готвење и сушење, производство на пареа, дестилација итн. Другата форма на соларна технологија го претвора сончевото зрачење во електрична енергија преку фотоелектричниот ефект.

Најцелисходно и најисплатливо е поставувањето на соларни колектори за загревање на водата што може да се користи за греење или други секојдневни животни потреби.

Сончеви колектори за топла вода – Колектори со вакуумски цевки

Сончев колектор со цевки – тип топлинска цевка, се направени од две стаклени цевки меѓу кои има вакуум. На надворешната површина на внатрешната цевка се нанесува облога што апсорбира топлина – алуминиум нитрид. Во него има бакарна цевка, во која се загрева специјална течност, која ја испушта топлината добиена од сончевите зраци во колекторски дел низ кој минува смесата против замрзнување. Загреаната течност  во цевките се пренесува до бојлерот и со тоа се загрева водата. На овој начин се произведува топла вода за санитарни потреби (туширање, миење), вода за греење на базени и слично. Вакуумските колектори се составени од различен број на  вакуумски стаклени цевки.

За да се постави комплетен систем за целиот дом потребно е да се инсталира:

– Котел (бојлер) со калем

– Сончев колектор

– Циркулациона пумпа

– Експанзионен сад

– Управувач (контролор)

– УПС / резервирано напојување /

Сончевиот колекторски систем особено е погоден за интеграција во системите со централно греење со подно и ѕидно загревање и ладење.

Во основа, соларните сетови со вакуумски колектори се составени од следните елементи: Вакумски колектор со одреден број на цевки во зависност од потребниот капацитет, соларен бојлер од 150л, 200л,  300л или 500л, соларната циркулациона група, контролна автоматика за соларниот систем, соларно автоматско лонче. Соларниот систем понатаму може да биде поврзан со дополнителен извор на енергија како топлинска пумпа (чилер), котел на пелети итн. за поголем систем за греење и други животни потреби.