Професионална опрема за сендвичари, ресторани, хорека сектор

Понуда на најсовремена опрема за сендвичари, ресторани и хорека секторот која овозможува постигнување висока ефикасност и брзина во работењето и обезбедување врвен квалитет на подготвените производи.

Кујнски блокови

Професионални модуларни блок елементи од висока класа за работа по високи стандарди. Врвно изработени по највисоки стандарди и во согласност со HACCP. Опции на струја или гас (ТНГ, ПГ).

Премиум комби печки

Професионални комби печки за современата гастрономија Највисока класа комби печки со екран на допир со различен капацитети и број на тави.

Електрични печки

Најдобрите професионални електрични етажни печки кои се одликуваат со брзо и прецизно постигнување на температура, рамномерно печење, долготрајно зачувување на топлината како и висока економичност. Со опција за инсталација на камени плочи (шамот) за печење на пици, пастрамајлии и сите видови лепињи.

Рерни на јаглен

Со рерните на јаглен може да се пече секаков вид на храна – месо, риба, зеленчук итн. Може да ги користете како скара на јаглен за вкусно и сочно месо, за печење на зеленчук и сл. Приготвената храна добива одличен уникатен вкус кои создава наклоност кај конзументите.

Гасни плотни

Гасните скари се произведени по најнови светски стандарди, целосно изработени од најквалитетен инокс наменет за прехранбената индустрија. Поседуваат најсовремен и безбеден систем за регулација на гас.

Електрични фритези

Висококвалитетни професионални електрични фритези за сендвичари, ресторани и кетеринг кујни. Изработени од најквалитетен инокс со супер брзи и прецизни грејачи. Едноставни и безбедни за употреба и ефикасно работење.

Тостери

Професионални, висококвалитетни инокс тостери по највисоки ХАСАП стандарди. Рамномерно и прецизно греење со инокс сад за цедење на вишок маснотија.

Тостери за вафли

Професионални ротациони тостери за вафли кои се зработени од инокс, со рецизна регулација на температура и време.

Тостер за крофни

Најсовремени тостери за крофни изработени од инокс со прецизна регулација на температура и време.

Машини за мелење месо

Комплетно модуларни машини за мелење месо изработени од инокс. Овозможуваат квалитетно и брзо мелење на месо, како и едноставно чистење и одржување.

Преси за плескавици

Професионална рачна инокс преса за правење на плескавици (хамбургери). Врвно изработена од квалитетен инокс и највисоки стандарди.

Пица печки

Високоефикасни пица печки со италијански шамот, изработени по најсовремени стандарди за квалитет, функција и ефикасност. Прецизна регулација на температура, моќни inox грејачи, внатрешно осветлување. Совршени за печење пица, пастрамајлија и сл. производи , за мали, средни или големи ресторани и пицерии.

Сечкалки за зеленчук

Сечкалки за овошје и зеленчук, наменети за сечење, рендање, правење коцки и листови на секаков вид зеленчук, овојшје, печурки, сирења и сл. производи. Направена од висококвалитетен инокс, со сигурносен систем за безбедно работење.

Разладни станици за салата

Професионални разладни салата станици наменети за кујни, ресторани, сендвичарници итн. Овозможуваат висока ефикасност при припрема на свежи салати, со интегриран систем за ладење, технолошки напредни за поголема ефективност во работата.

Гастро садови

Висококвалитетни професионални гастро садови изработени од цврст и издржлив инокс. Робусни, практични и идеални за секојдневна употреба и безбедни за миење во машина за садови. Наменети за чување или готвење на храна на температури од –45 °C до +300 °C.