ПРОВИТАНА – квалитетна, здрава и специјална храна и производи за маркети

Настојувањата, потребата и се поголемата свесност на луѓето за поквалитетен, поздрав и специјален начин на исхрана, добива на значење и постанува приоритетна задача и основна карактеристика на животниот стил. Но притоа, најважен фактор и оптимални решенија кои ќе овозможат полесно да се остварат поставените цели во исхраната се сметаат оние кои нема значително да влијаат на прехранбените навики и откажување од популарните видови прехранбени производи кои традиционално се набавуваат и консумираат.

Франшизата Провитана нуди прилика за успешен бизнис во доменот на малопродажбата и производството. Во рамките на франшиза системот, Провитана нуди голем избор на вообичаени производи на кои се навикнати потрошувачите, но со значителна додадена вредност во однос на квалитетот кој овозможува квалитетна исхрана, како и одржување на оптимална телесна тежина и други здравствени придобивки. Покрај прехранбените производи, понудата опфаќа комплетен асортиман на квалитетни и атрактивни производи за широка потрошувачка за маркети, по поволни цени.

Провитана располага со најразличен избор на конвенционална и специфична нискокалорична и фитнес храна. Големиот избор на производи дава можност на потрошувачите да обезбедат вакви прехранбени продукти своред својот посебен вкус и очекувања.

Производите за лична хигиена, исто така, се карактеризираат со висок квалитет, здравствени бенефиции, корисност и вообичаена употреба, препознатлив и атрактивен изглед и достапни цени.