Производи за осветлување и електро материјали

Едни од најзначајните производи во градежништвото и уредувањето на просториите за домување и работење секако се производите за осветлување и електро материјалите. Постојаниот развој и напредок на науката и технологијата овозможува креирање на нови напредни, поквалитетни и поефикасни производи во доменот на електриката. Соодветно, од големо значење е постоењето организиран и сигурен канал за пласман на производите и за навремено задоволување на потребите на пазарот и крајните потрошувачи. Високотехнолошки новитети бараат и соодветна информираност и промотивна активност со цел правилно запознавање со бенефитите и нивното корисно и употребно значење. Еден од потребните пристапи е обезбедување современа е-продажба, како и лесно достапна и квалитетна интернет информација и едукативен материјал.  Во се подинамичниот начин на работење, времето што е на располагање за извршување на работните задачи е значаен фактор. Луѓето бараат подостапен, ефикасен и полесен начин да дојдат до потребните пазарни информации и набавки за навремено извршување на работните обврски и планирани рокови. Затоа се наметнува потребата од поефикасна организираност и соработка на увозниците, дистрибуцијата, дигиталниот маркетинг и малопродажната мрежа, со се поголем акцент на е-продажбата.