Овошни садници аронија

Аронијата е овошје со бобичаста форма кое најмногу наликува на плод од боровница. Ја нарекуваат сибирска боровница. Таа е растение кое расте во облик на грмушка. Нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и после два месеци откако ќе созрее.

Се сади во есен, преку зимата и рано на пролет, со услов земјата да не е замрзната и вегетацијата да не е започната. Најчесто се садат едногодишни и двогодишни билки. Најдобра густина на садење е 3 х 1,5 м, каде што ќе се посадат 2 222 билки по хектар. Секоја билка вака добива 4,5 м2 вегетациски простор.

Понуда на квалитетни двогодишни овошни садници од аронија. Асортиманот опфаќа садници од I-ва класа чиј плод е со должина од 6 до 8 мм. Сортите не се прибирливи во однос на климатските и почвените услови, а најдобри резултати се добиваат каде има поумерена влажност на воздухот и почвата. Зрее до крајот на месец септември. Садниците се високи од еден до еден и пол метар и имаат развиен коренов систем. При производството на садниците не се користени никакви хемикалии,односно се користи биохумус и течен хумус. При порачка на повеќе садници цената ќе биде со соодветно намаление.