За нас

INOVA.MK е информативен бизнис интернет портал кој овозможува објавување и размена на практични бизнис информации, промовирање на деловни бизнис понуди и можности, овозможува ефикасни решенија за економскиот и бизнис маркетинг, развој на меѓународната бизнис соработка и трговија.

Интернет порталот INOVA.MK овозможува објава на понуди за деловна соработка, промоција и медиумска подршка во реализација на бизнис активностите на деловните субјекти, како и на трговската соработка и увозно-извозните можности, обезбедување на рекламен и промотивен простор за бизнис понудите и деловните активности на стопанските субјекти.

INOVA.MK настојува да обезбеди достапност до квалитетни, интересни и практични бизнис информации, информации и вести од областа на технолошките иновации и производните технологии, промовирање на стартап проекти и развојни проекти за микро, мали и средни по големина претпријатија, подршка на слободното претприемништво и економскиот развој.

Интернет порталот INOVA.MK е посветен на теми и прашања од областа на развојот на македонското претриемништво, иновациите, деловната соработка и создавањето и подршката на автентични македонски бизнис и економски проекти и решенија, поттикнување и реализација на националниот бизнис потенцијал, пред се во сегментот на малите и средни претпријатија.