Терајахта во облик на желка како пловечки град за 60.000 луѓе

Италијанската фирма Lazzarini Design Studio, позната по дизајнирањето на летечки суперјахти, футуристички пристаништа и слично, го претстави огромниот концепт на „терајахта“ во форма на желка, со капацитет да прими илјадници патници и екипаж, доволно голем за да се смести цел град.

Пангеос е именуван според суперконтинентот Пангеа кој постоел пред милиони години за време на доцниот палеозоик и раниот мезозоик. Мега јахтата има има вкупна должина од 550 м и 610 м на најшироката точка на крилата. Доколку се изгради, ќе стане најголемата пловечка структура во светот.

Челичниот труп се состои од 30.000 поединечни „клетки“ кои би помогнале да се одржи Pangeos на површина. Тера-желката може да плови низ светот без престан, без емисии поради практично бескрајното снабдување со зелена енергија. Бродот е покриен со соларни панели кои генерираат чиста енергија од сонцето за функционирање на погонскиот систем и самиот хотел. Придвижуван од девет електрични мотори од по 16.800 КС, Пангеос може да се движи со максимална брзина од 5 јазли. „Крилјата“ исто така би можеле да црпат значителна енергија од брановите и ветерот.

Pangeos пловечката структура е мешавина помеѓу одморалиште со пет ѕвезди, брод за крстарење и град. Лазарини вели дека може да прими дури 60.000 гости преку комбинација на вили и апартмани. Други најважни делови вклучуваат трговски центар на покривот, големи градини, неколку базени и голем клуб на плажа.

Во однос на конструкцијата, Лазарини прецизираше дека „на терајахтата и треба терапристаниште“. Во суштина, Пангеос е преголем за да биде изграден во постоечко бродоградилиште и затоа би му требал посебен објект. Саудиска Арабија е посочена како потенцијална локација. Дизајнерите проценуваат дека бродот би можел да биде испорачан за осум години по цена од 8 милијарди долари.

Лазарини дури смислил начин да собере дел од средствата со лансирање на Pangeos во Метаверзумот. Можете да купите виртуелен имот преку NFT со криптовалута и тоа ќе има вредност на депозит за физички имот ако Pangeos се реализира.