Системи за наводнување капка по капка

Системот за наводнување капка по капка е вид на микро-систем за наводнување што овозможува значително да се заштеди на употреба на вода и ѓубриво со тоа што дозволува водата да капе полека и постепено до корените на растенијата, или од над површината на почвата или поставен под површината. Целта е да се достави водата директно во зоната на коренот и да се минимизира испарувањето.

Системите за наводнување капка по капка ја дистрибуираат водата преку склоп од вентили, цевки, црева и емитери. Во зависност од тоа колку добро е дизајниран, инсталиран, одржуван и управуван, системот за наводнување капка по капка може да биде поефикасен од другите видови системи за наводнување, како што е површинското наводнување или наводнувањето со прскање.

Наводнувањето со системот капка по капка најрационало ги искористува расположливите количини на вода и на секое растение му ја дава потребната количина на вода. Современите системи за наводнување го зголемуваат квалитетот на производите и гарантираат константен квалитет и принос.

Системите капка по капка и микро наводнувањето се едни од најефикасните и најпрактични земјоделски технологии на светот.