Нов Закон за заштита на потрошувачите

Во „Службен весник на РС Македонија“ бр 236 од 7.11.2022 година објавен е новиот Закон за заштита на потрошувачите.

Новиот Закон се усогласува со директивите на Европската Унија и се уредуваат одредби со кој се овозможува примена на европското право во областа на заштитата на потрошувачите. Со новиот закон, исто така, појасно се дефинирани обврски кои треба да ги исполнат трговците и правните лица спрема потрошувачите.

Новиот закон треба да придонесе за подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, обезбедување со инструменти за брзо решавање на споровите на потрошувачите, подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, понатамошен развој на политиката за безбедност на производите, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, зајакнување на улогата на локалната и регионалната самоуправа во реализација на политиката за заштита на потрошувачите, дигитализација на процесите заради обезбедување на ефикасно и ефективно давање на електронски услуги на корисниците.

Исто така, новиот Закон за заштита на потрошувачите се усогласува со Законот за прекршоци.