Предлог измени и дополнувања на даночната регулатива

Во собраниска процедура влегоа долго најавуваните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на добивка. Измените и дополнувањата на законите се во следната насока:

1. Закон за данокот на додадена вредност:

– Оданочување на одредени производи за човечка исхрана кои што не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана со повластена даночна стапка од 10 проценти

– Намалување на стапката за прометот на хигиенски (менструални) производи

– Намалување на даночната стапка за дигиталните учебници

– Доуредување на одредбите кои што го дефинираат местото на прометот на услуги

– Воведување на терминот даночен застапник

– Уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери

2. Закон за данокот добивка:

– Утврдување третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените

– Укинување на правото на намалување на пресметаниот данок  за износот на донираните средства на спортски субјекти

– Укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи

– Укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари

3. Закон за данокот на личен доход:

– Отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд

– Промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки

– Одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити

– Укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10% и 15% за доход од игри на среќа, и др.