Опрема и алат за автолимарски и фарбарски работи и услуги

Понуда на основен и помошен специјален алат за сервиси за автолимарски и фарбарски работи, комплетна опрема и материјали за работење, комплетен рачен алат и други придружни алатки и опрема со висок квалитет и најнова технологија.

Различни типови на професионални пиштоли за фарбање за нанесување на боја, завршен лак, прајмери и филери, ХВЛП и ЛВЛП модели, со гравитационо и конвенционално полнење, големина на млазница итн.

Воздушни компресори со различна големина и моќност, економични и ефикасни, со соодветни компресорски црева.

Опрема и китови за чистење и одржување на автофарбарска опрема.

Различни модели на комори за контролирана атмосфера за фарбање, супериорно осветлување и контрола на воздушно струење за постигнување врвно автолакерско и фарбарско работење и сушење.

Професионален алат за поправка на оштетувањата на автомобилсото тело и каросерија, од алат за помали или поголеми поправки, алат за вдлабнатини, од пиштоли до шипки до полнила и распрскувачи, истегнувачка и исправувачка опрема на рамка и тело од каросерија и шасија, итн.

Пневматски алат за поправка на каросерија: без разлика дали треба брзо да ја отстраните ‘рѓата и бојата од одредена површина од возилото, да исечете, пробушите или да истругате и исполирате површина, потребен е пневматски алат со кој полесно и поквалитетно ќе се изврши автолимарската работата: специјални шлајферици, брусалки, стругалки, полирачки, дупчалки итн.

Додатна опрема, алати и материјали за фарбање за ефикасно извршување на автолимарските и фарбарските работи.