Одгледување на аронија

Аронијата е овошје со бобичаста форма кое најмногу наликува на плод од боровница. Ја нарекуваат и сибирска боровинка. Таа е растение кое расте во облик на грмушка. Нејзиниот плод се јаде, има многу лековито дејство и може да се бере и после два месеци откако ќе созрее. За аронијата не е потребно прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки. Аронијата е култура која што не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C. Во наши услови оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунчињата во текот на вегетацијата потребно е температурна сума над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразеви.

За успешно одгледување на оваа култура и постигање на оптимални и квалитетни приноси, количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не е голем пребирач, успева на песокливи, но и на глинести почви. Не се погодни забарени почви и мочуришта. Подпочвени води треба да не бидат поплитки од 1.5 до 2 м.

Производство на садници

Аронијата може да се размножува на три начини: Првиот начин е генеративен, од семето. Вториот начин на размножување е делење на изданоци од матичното стебло во претворање на садници. Третиот начин на размножување е вегетативно, од меристемот, ин витро, од ткивото.

Начин на одгледување и садење

За подигнување насад од аронија, почвата треба да биде длабоко изорана и квалитетно обработена. Длабоката обработка на почвата може да се изврши на два начина: со риголовање или длабоко растресување. На некои типови почви доволно е само да се изврши подривање или самориголовање, а на некои тврди почви, потребно е прво да се изврши подривање, а потоа риголовање.

Длабоката обработка на почвата на која ќе се подига насад треба да се изврши на длабочина од 40 до 70 см. Најчесто, длабочината на обработката зависи од типот на почвата и од климатските услови.

Се сади во есен, преку зимата и рано напролет, со услов земјата да не е замрзната и вегетацијата да не е започната. Најчесто се садат едногодишни и двогодишни билки. Најдобра густина на садење, доколку се бере рачно, е 3 х 1,5 м, при што треба да се посадат 2.200 билки по хектар. Доколку бербата ќе се одвива машински, се сади на растојание од 4 x 1 м, при што треба да се посадат 2.500 билки по хектар.

Големината  на кореновиот систем е во износ 20-30 см, се препорачува потсекување на коренот и должината на кореновиот систем да изнесува од 15-20 см. Се копа дупка од најмалку 40 x 40 x 40 см. Пожелно е да додадете органски материјал, тресет или органско ѓубриво. Се сади на длабочина на која садницата била во расадникот –  длабочина од 20см. Садницата внимателно се нагрлува со ситна и влажна земја и се нагазува околу неа за да се добие добар контакт на коренот и земјата, а да се истисне воздухот. Доколку земјата при садење е сува, треба да се наводни за да се спречи процесот на дехидрација, бидејќи сувата земја ќе ја извлече водата од коренот и ќе се исуши растението пред да започне да расте.

Начин на наводнување: не се полева со вода додека сонцето е јако. Доцна напладне или рано навечер е најлошо време за вода.

Појаснување: Подлогата за калемење треба да биде стара најмалку три години, бидејќи се калеми на висини од околу 100 до 120 см. Поради спориот раст на калемите, кој се доста скапи, најчесто се одгледува на својот корен, како џбун. И овај џбун може да се обликува со резидба, да не се дозволи голем раст на стеблата, како би се осигурало нормална фотосинтеза на систе листови и да се осигура добар принос. Стеблата стари 5-7 години се одсекуваат, некои на висина од 50 до 70 см, други блиску до земјата, како би се предизвикал нов раст на стеблата, млади изданоци кои имаат повисока родност. Засадите стари преку 25 години можат да се покосат блиску до површината и на тој начин да се изврши подмладување на насадот. Поединечниот џбун за околу десет години раст може да развие и преку 30 изданоци кои сите ќе бидат во род. На овај начин аронијата обезбедува неверојатно јак коренов систем, бидејќи билката ги добива водата и храната само преку танките жили, додека дебелите жили служат за прицврстување и транспорт на хранливите материи. Аронијата е добра билка за раззеленување на песокливи почви, пепелници, санирани депонии, а успева и на земјишта на кои растат врби, трска. Во тој случај имаме перманентно наводнување.

Берба – Првата берба е во третата година од животот, доколку се користат садници стари една година. Добро развиените билки даваат род и во втората година. Тогаш се формира просечно по два грозда на билка, со околу 35-40 плодови, или околу 50-100 грама принос. Во првата година по садењето на двогодишните садници, може да се добијат од 100-200 кг плод од ха. Во следната сезона, џбунот дава по 7-8 гроздови, 200-300 грама по билка или 440-660 кг по ха. Поединечните плодови имаат маса од 0,6-1,1 грам, така да во 1 кг има од 1 000-1600 плодови. Во десеттата година приносот од аронијата е околу 5-10 кг по џбун, или 11-22 т/ха. Дрвото достигнува висина од 1,5-2,5 м, што е лесно за собирање на плодовите. Зреењето настапува крајот на јули, а бербата е следниот месец и пол, до крајот на септември. Околу 30% плод може да остане до пролет на билката. Како суви се добри за чај, компот. Се користи за производство на сок, џем, мармелад. Во април кога ќе се појават цветовите, аронијата е добра пчелна паша.

Извор: нфф/апрз