Услови на користење

Добредојдовте на интернет страницата www.inova.mk. Почитувани посетители и корисници, ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно да ги прочитате следниве услови. Секоја посета  на нашата страница, значи дека сте ги прочитале овие  услови и сте се согласиле со нив целосно.

Прифаќање на условите за користење

Со пристапот на интернет страницата www.inova.mk (инова.мк) ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од www.inova.mk.

Инова.мк го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови. Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на објавувањето.

Право на користење

Посетителите на интернет страницата  www.inova.mk имаат право на пристап до сите објавени содржини  со помош на своите интернет пребарувачи. Сите објавени содржини на  www.inova.mk служат само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата  www.inova.mk немаат право да ги преземаат содржините целосно или делумно и да ги отстапуваат на трети лица, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални намени. Ниту еден дел од содржините на www.inova.mk не смее да се користи за незаконски цели.

Преземање и преобјавување на содржините објавени на интернет страницата  www.inova.mk е можно само со претходна јасна согласност од ИНОВА.МК. Дозволено е објавување на 20% од текстот (со или без една редуцирана thumbnail фотографија) при што задолжително мора да се истакне изворот, како и линк до текстот на www.inova.mk. Доколку сакате да побарате дозвола за користење на содржините, ве молиме да не контактирате на info@inova.mk.

Точност на содржините

Содржината на интернет страницата  www.inova.mk изработена е во склад со професионалните стандарди за комерцијална, информативна и едукативна интернет страница. Инова.мк не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на овие содржини.

Интернет страницата не е одговорна за содржината на другите страници и комерцијални партнери кои огласуваат и се рекламираат на оваа страница, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на надворешните партнери на страницата.

Интернет страницата го задржува правото да го измени или отстрани изгледот, содржината и условите на користење на содржините на страницата без никакви обврски за претходна најава.

Не е дозволена секаква злоупотреба на содржината што не е во согласност со условите за користење и постоечките законски прописи.

Заштита на авторските и сродни права

Интернет страницата  www.inova.mk нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени  со издавачки и авторски права (copyright), согласно законските прописи како Законот за авторското право и сродните права, Законот за индустриска сопственост и сл.

Комерцијалните и информативните содржини на интернет страницата  www.inova.mk, меѓу другото, се дел од базата на податоци на Инова.мк. Оваа база на податоци е сопственост на Инова.мк и во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права е заштитена како самостојно авторско дело.

Дел од комерцијалните, информативните и едукативни содржини на интернет страницата  создаваат информации и други содржини кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на Инова.мк.

Интернет страницата  www.inova.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на интернет страницата. Овие заштитени жигови, знаци и називи не смеат да се користат без изричито писмена согласност на Инова.мк.

Интернет страницата не ја контролира содржината која ја споделуваат корисниците и не може да гарантира точност и потекло на таквите содржини. Во случај некоја таква содржина да е во спротивност со правните прописи, го задржува правото да ја отстрани таа содржина од интернет страницата без претходно известување.

Доколку сметате дека комерцијалната, информативната и едукативна  содржина на интернет страницата  www.inova.mk на било кој начин ги има повредено вашите авторски права, ве молиме веднаш да не известите и контактирате и спорната содржина веднаш ќе биде отстранета, доколку станува збор за таков случај.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на интернет страницата  www.inova.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. Инова.мк на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Предупредување

Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со интернет страницата  www.inova.mk, користење на страницата  за какво било препродавање на производи, користење на страницата  за пропагандни цели. Најстрого се забранува поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да ја оштетат интернет страницата или да ја преземат контролата над истата.