За нас

INOVA.MK е информативен бизнис интернет портал кој овозможува објавување и размена на практични бизнис информации, промовирање на деловни бизнис понуди и можности, овозможува ефикасни решенија за стопански и бизнис маркетинг, информации за меѓународна бизнис соработка и трговија.

Интернет порталот INOVA.MK располага со рекламен промотивен простор и обезбедува маркетинг и логистички решенија за бизнис понудите и деловните активности на стопанските субјекти, овозможува објава на понуди за деловна соработка, рекламирање и промоција на производите и услугите, медиумска подршка во реализација на бизнис активностите на деловните субјекти, како и на трговската соработка и увозно-извозните можности.

INOVA.MK настојува да обезбеди достапност до квалитетни, интересни и практични бизнис информации, вести и информации од областа на технолошките иновации и производните технологии, промовирање на стартап проекти и развојни проекти за микро, мали и средни по големина претпријатија, подршка на слободното претприемништво, економскиот раст и одржливиот развој.

Интернет порталот INOVA.MK е посветен на теми и прашања од областа на развојот на македонското претриемништво и приватниот бизнис сектор, иновациите, подобрување на условите за деловно работење, создавањето и подршката на автентични македонски бизнис и економски проекти и решенија, поттикнување и реализација на националниот бизнис потенцијал, пред се во сегментот на малите и средни претпријатија.