Измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход

Во „Службен весник“ бр.274/22 објавени се измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход.

Измените и дополнувањата ја опфаќаат следната материја:

– Промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки

– Отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд

– Одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити

– Укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10% и 15% за доход од игри на среќа

– Оданочување на користењето на службените возила кои се користат за приватни цели и др.