Традиционални и локални сорти на овошје и зеленчук

Одгледување и организиран пласман на постари или традиционални сорти на овошје, зеленчук и на друг вид на земјоделски култури. Локалните сорти на овошје и зеленчук се култури и растенија што многу одамна или пак дури со векови се одгледуваат во еден географски простор. Често постојат и т.н. автохтони видови или сорти, но обично се спомнуваат како локални сорти. Нови комерцијални сорти, како и бројни увозни сорти, пред се поради пониската цена и други комерцијални предности, се повеќе ги потиснуваат постарите или традиционални сорти, кои иако се поквалитетни и сеуште барани на пазарот во одреден обем, се помалку се одгледуваат и нудат на пазарот.