Индустриски машини за перење и сушење

Машините за перење за професионална употреба со различен капацитет и димензии, произведени според највисоките европски стандарди, со висока енергетска ефикасност и економичност при работата. Погодни се за сите комерцијални објекти (хотели, болници, домови, ресторани, специјални установи, индустриски објекти, образовни установи итн) кои имаат потреба од темелно перење секаков вид на текстил, постелнина и облека.

Индустриските машини за сушење се високоеколошки, со ефикасно сушење без никакво оштетување на квалитетот на материјалот, со двонасочна ротација, најсовремен контролен систем и работење.

Индустриска машина за пеглање со различна димензија и најнова работна технологија за врвна ефикасност.

Друга дополнителна опрема со висок квалитет за поефикасно и олеснето работење.

Понуда на професионална опрема и машини кои се карактеризираат со високи перформанси, енергетска ефикасност, издржливост, робусност и доверливо работење.