Дистрибуција на производи за маркети

Соработка во доменот на диструбуција на различен вид прехранбени производи и друг вид производи за широка потрошувачка за маркети и супермаркети. Карактеристика на современото претприемништво, на малото или индустриското производство е постојаната потрага по нови пазарни можности и креирање на нови производи. Пласманот на вакви нови производи бара навремена реакција, поширока соработка, организиран настап, ефикасна промоција и сигурен пристап до потрошувачите. Ефикасен систем на соработка на домашните производители, увозниците, дистрибуцијата, маркетингот и малопродажбата придонесува за навремено и квалитетно снабдување на пазарот и потрошувачите со потребните производи и сигурност на пласманот. Чесниот приод во работењето, почитување на договореното и запазување на роковите се предуслов за успешно деловно работење, стекнување и одржување доверба и опстанок во бизнисот.