Политика на приватност

Политика на приватност на личните податоци при посета на интернет страницата www.inova.mk.

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој www.inova.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на нејзината интернет страница. Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страница. Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страници, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страница.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата  www.inova.mk (инова.мк) ја почитува приватноста на своите посетители. Страницата се обврзува на најдобар можен начин да ја заштитува анонимноста на своите посетители и корисници. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.

Инова.мк може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на инова.мк, како и развивање на што поквалитетни услуги. Инова.мк не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Обработката на лични податоци инова.мк ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република С. Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита на личните податоци со кои располага.

Вработените во Инова.мк се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Инова.мк применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Инова.мк дооел има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страната www.inova.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.