Разладна опрема за малопродажба и угостителство

Комплетен асортиман на квалитетна опрема за ладење за мали или големи маркети, за угостителската дејност и сл. намена, од реномирани странски производители.

Разладната опрема е со модерен дизајн, произведена според најновите светски технологии . Сите производи се подложени на тристепена контрола на квалитетот. Предностите на понудената опрема за ладење се ефикасен процес на ладење и мала потрошувачка на енергија.

Со цел да се задоволат потребите на клиенти најдобро што може, обезбедена е оптимална корелација  во односот квалитет/цена/потрошувачка/сеопфатна услуга.

Понудата вклучува разладни витрини за месо, сувомеснати и деликатес производи, отворени разладни витрини за млеко и млечни производи, разладни витрини за овошје и зеленчук, вертикални разладни витрини со врати за изложување на пијалоци, различни модели на вертикални и хоризонтални витрини за замрзнати производи, фрижидери за сладолед,  разладни комори итн.