Кроасани

Кроасанот е мошне популарно јадење и закуска за доручек, вечера и сл., во многу земји во светот. Најчесто се поврзува со француската кујна, но се верува и дека потекнува од Австрија или околните региони.  Полнети со џем, крем, сирење или друг вид прехранбени состојки, се едни од најкупуваните производи за прехрана. Поради големата популарност и побарувачка, во денешно време, освен во домашната кујна и малите пекарски работилници, кроасаните  се произведуваат и на индустриско ниво со  примена на индустриска опрема со поголем капацитет.