Свежа и преработена органска храна

Големопродажба и маркетинг систем за снабдување на потрошувачите со органска, свежа, изворна (природна) храна, како и прехранбени преработки. Дистрибуција преку малопродажната мрежа во Македонија на широк асортиман на природна свежа храна, прехранбени производи од различен вид и производи за лична хигиена на природна база. Понуда на производи со висок квалитет, конкурентни цени и придобивки од нивно користење во соработка со домашни и странски добавувачи. Можност за производна или трговска кооперација, како и организиран пласман на странските пазари. Главен приоритет е да се понудат квалитетни производи по прифатливи и конкурентни цени кои ги задоволуваат вкусовите и очекувањата на потрошувачите. Производи кои се адекватно спакувани и произведени во согласност со потребните стандарди за квалитетна и безбедна исхрана.