Забрзано усвојување на 5G технологијата во 2022

Според последните пазарни истражувања во светот, се очекува бројот на корисници на 5G технологијата да надмине една милијарда оваа година.

Додека 4G донесе значителни подобрувања, на пример, во беспрекорното проследување видеа, 5G има 100 пати поголема брзина, што значи дека прикачувањата, преземањата, преносот на податоци и преносите ќе бидат многу побрзи.

5G ќе го зајакне Интернетот на нештата (IoT), кој вклучува паметни уреди напојувани од интернет кои се поврзуваат и работат заедно. За разлика од 4G, на 5G мрежата можат да се поврзат многубројни уреди без значителен пад на брзината, латентноста и доверливоста. Тоа е поради функцијата за поделба (сечење) на мрежата што создава независни мрежи кои нудат различни услуги за секој уред.

Понатаму, додека мобилните 4Г мрежи се соочуваат со проблеми со поврзувањето во значително побројни кориснички локации, 5Г може да ги пренесе своите радио бранови до еден милион уреди на квадратен километар.