Напредни земјоделски технологии

Системи за наводнување капка по капка, повеќекратно прочистување на водата, употреба на интелигентна технологија, биопестициди, биоѓубрива, автоматизирана и роботизирана земјоделска механизација, сензори за одгледување земјоделски култури и други напредни технологии, се повеќе се користат во земјоделското производство.

Технологијата го менува земјоделството. За многумина тоа е одлична вест ако се има во предвид дека до 2050 година населението на Земјата ќе биде 10 милијарди, така што треба скоро да го удвоиме количеството храна што сега го произведуваме.

Земјоделските роботи од утрешнината веќе се тука денес. Роботизираните машини за одгледување земјоделски култури извршуваат различни земјоделски работи во повеќе области.