Опремување и брендирање на продавници и маркети

Во процесот на отварање и опремување на продавници и маркети мора да бидат земени во предвид бројни детали и се заедно да биде поставено, ускладено и организирано на правилен и функционален начин. Иако можеби на прв поглед управувањето и водењето бизнис со продавница или маркет не изгледа премногу комплицирана задача, сепак за обезбедување профитабилно работење на долгорочна основа потребни се сериозни подготовки, одговорен и професионален пристап, квалитетни и правилни решенија во брендирањето, опремувањето и деловното работење.