Побарувачката за земјоделски производи ќе порасне за 60% до 2050 година

Во текот на минатиот век, глобалното население се зголеми за четири пати. Во 1915 година, во светот имало 1,8 милијарди луѓе. Денес, според најновата проценка на ООН, има 7,3 милијарди луѓе – и може да достигнеме 9,7 милијарди до 2050 година. Овој раст, заедно со зголемувањето на приходите во земјите во развој (кои предизвикуваат промени во исхраната, како што се јадење повеќе протеини и месо) ја зголемуваат глобалната побарувачка на храна.

Побарувачката на храна се очекува да се зголеми од 59 до 98% до 2050 година. Ова ќе ги обликува земјоделските пазари на начини што не сме ги виделе порано. Земјоделците ширум светот ќе треба да го зголемат  производство, или преку зголемување на количината на земјоделско земјиште за одгледување на земјоделски култури или преку подобрување на продуктивноста на постојните земјоделски земјишта преку ѓубриво и наводнување и усвојување нови методи како земјоделско прецизно производство.

Многу други фактори, од климатските промени до урбанизацијата до недостаток на инвестиции, исто така, ќе го направат предизвик да се произведе доволно храна.

Сепак, се очекува некои земји (првично) да имаат корист од климатските промени. Земјите што се протегаат над северните географски ширини – главно Кина, Канада и Русија – се предвидува да доживеат подолги и потопли земјоделски сезони во одредени краишта. Русија, која е веќе голем извозник на жито, има огромен неискористен производствен потенцијал поради големите празнини во приносот на културите (разликата помеѓу сегашните и потенцијалните приноси под сегашните услови) и широко распространетото напуштено земјоделско земјиште (повеќе од 40 милиони хектари, површина поголема од Германија) по распаѓањето на Советскиот сојуз, во 1991 година. Државата може да има најголем земјоделски потенцијал во светот, но за да се реализира ќе бидат потребни институционални реформи и значителни инвестиции во земјоделството и руралната инфраструктура.

Напредната логистика, транспортот, складирањето и обработката се исто така клучни за да се постигне сигурност дека храната оди од онаму каде што расте во изобилство до таму каде што не се произведува. Ова е местото каде влегуваат трговските корпорации, како што се Каргил, Луис Драјфус или COFCO. Додека големите компании за храна како што се Џенерал Милс или Унилевер имаат огромно глобално влијание врз тоа што јадат луѓето, трговските корпорации имаат многу поголемо влијание врз безбедноста на храната , затоа што тие се извор и ја дистрибуираат нашата главна храна и состојките што ги користи големата прехранбена индустрија, од ориз, пченица, пченка и шеќер, соја и палмино масло. Тие исто така складираат периодично произведени житарици и маслодајни семиња за да можат да се консумираат цела година и преработуваат основни продукти за да можат да се користат понатаму во синџирот на преработка. На пример, пченицата треба да се меле во брашно за да се произведе леб или јуфки, а сојата мора да се пресува за да се добие масло или храна за добиток.

Како и да е, дури и ако некои региони го зголемат своето производство, а трговците ја намалат разликата помеѓу понудата и побарувачката, двојното зголемување на производство на храна до 2050 година ќе биде несомнено голем предизвик. Бизнисите и владите ќе мора да работат заедно за да ја зголемат продуктивноста, да ја поттикнат иновацијата и да ја подобрат интеграцијата во синџирите на снабдување кон одржлив глобален баланс на храна.

Прво и најважно, земјоделците, трговските компании и другите преработувачки групи (особено големата индустрија) треба да се посветат на ланците на снабдување без уништување на шумите. Искоренувањето на шумите предизвикува брзи и неповратни загуби на биолошката разновидност, што е втор по големина извор на емисии на јаглерод диоксид по фосилните горива и придонесува многу за глобалното затоплување – додавајќи на негативниот притисок врз земјоделското производство за кое беа расчистени овие шуми.

Земјоделците исто така мора да произведат повеќе на земјиштето на кое работат во моментот преку она што се нарекува „одржливо интензивирање“. Ова значи користење прецизни алатки за земјоделство, како што се дисперзија на ѓубриво со GPS, напредни системи за наводнување и оптимизирање на ротација на земјоделските култури. Овие методи можат да помогнат во производство на повеќе земјоделски производи и култури, особено во делови на Африка, Латинска Америка и Источна Европа кои се со големи празнини во приносот. Тие исто така можат да ги намалат негативните влијанија врз животната средина од прекумерните стресови на ресурсите – спречување на исцрпување на подземните води и уништување на плодните земјишта преку прекумерна употреба на ѓубриво.