Преносливи (лаптоп) сметачи

Преносливите сметачи (лаптоп компјутери)  содржат компоненти кои се идентични со типичните персонални сметачи, но се минијатуризирани (смалени) за да бидат полесни, да трошат помалку струја и да зафаќаат помалку простор. Преносливиот сметач вообичаено работи на батерии и на надворешно напојување. Денешните лаптоп компјутери се помоќни од било кога, со процесори кои постојано се усовршуваат и со импресивна графика.