Природна сода бикарбона

Натриум бикарбонат (NaHCO3, сода бикарбона, E500b или 500ii) е бел кристален прав, слабо растворлив во вода. Најважните соли на јаглеродната киселина се натриум бикарбонат и натриум карбонат. Овие соли се исклучително важни за примена во индустриите. Во домаќинствата е најпозната како сода бикарбона. Не се топи кога се загрева, туку се распаѓа во натриум карбонат (Na2CO3), јаглерод моноксид (CO2) и вода (H2O). Индустриски се добива со процесот на Солвеј, каде прво се формира бикарбонат кој потоа се пече додека не се претвори во карбонат. Покрај процесот на Солвеј, натриум бикарбонат се добива и со внесување на јаглерод (IV) оксид во воден раствор на натриум карбонат: Na2CO3 + CO2 + H2O -> 2NaHCO3. Се користи во пекарството како основна состојка во производството на разни прашоци за подигање на тестото, прашоци за пецива и печење, во козметиката, во производство на пенливи пијалоци, во производство на газирани минерални води (сода вода), во производство на текстил, хартија, керамика, како и за полнило во противпожарни апарат итн. Поради својата мала алкалност, се користи во медицината како неутрализатор на вишок желудочни киселини (претежно HCl) и за неутрализирање на киселини во разни хемиски процеси.

https://youtu.be/oY8V4aN1S7Y