Цена на економскиот раст

Постојат два најголеми проблеми поврзани со економскиот раст:

1. Цена која ја плаќа природната, животна околина

Загадувањето и другите негативни екстерналии често го придружуваат зголеменото производство или зголемениот економски раст. Економистите обично го поврзуваат негативното влијание врз животната средина со брзиот раст во економиите во развој.

2. Зголемена социјална нееднаквост

Растот често води до зголемена нееднаквост во приходите, односно личните примања. Оние кои не се вклучени или не се поврзани со секторот на економијата и бизнисот што генерира раст, значително заостануваат. Вообичаено најмногу страда руралното население.