Значењето на малите и средни претпријатија за светската економија

Повеќето претпријатија ширум светот се мали по големина, но нивната важност и за развиените и за економиите и општествата во развој е огромна. Според Светската трговска организација, малите и средни претпријатија (МСП) претставуваат над 90 % од бизнис заедницата, 60-70 % од вработеноста и 55 % од БДП во развиените економии. Затоа, малите и средните претпријатија не само што значително придонесуваат за економијата – тие СЕ економијата.

Различноста и важноста на малите и средните претпријатија ја слават Обединетите нации и Меѓународниот совет за мали бизниси како Денот на микро, малите и средните претпријатија на ОН (#MSMEDay19) на 27 јуни.

МСП се важен дел и од постигнувањето на Целите за одржлив развој на ОН, на пример да „промовираат инклузивен и одржлив економски раст, вработување и пристојна работа за сите“ (цел 8) и да „изградат прилагодлива инфраструктура, промовираат одржлива индустријализација и поттикнуваат иновации“ (цел 9). МСП се клучни за постигнување на ЦОР.