Јавните политики во областа на МСП

Важноста на принципот „најпрво мисли на мало“ е од суштинско значење во развојот на јавната политика и регулатива. Европската комисија го нагласи овој принцип во својот Закон за мали бизниси од 2008 година, кој ги повика креаторите на политиките да ги земат предвид потребите и интересите на МСП уште од првичниот момент при формулирањето на политиките. Ова вклучува МСП Тест, кој вклучува консултации со МСП и претставничките организации на МСП, мерење на влијанието врз МСП (анализа на трошоци и придобивки) и проценка на алтернативни механизми и мерки.

Политиката за мали и средни претпријатија е сложена и опфаќа широк опсег на области. Општо прифатено е дека рамката на јавната политика која негува култура на претприемништво и иновации е од суштинско значење. Може да се преземат голем број активности за поддршка на претприемништвото, вклучително и воспоставување образовни програми, привлекување таленти и развој на претприемачки вештини, пристап до финансии, поедноставена и поволна регулаторна рамка за МСП, инвестирање во дигитална инфраструктура и поттикнување на иновациите, итн. Сепак, повеќе прашања произлегуваат за тоа каде навистина треба да се насочат интервенциите и како земјите можат да помогнат во создавањето на вистинско опкружување за поддршка и развој на екосистем каде што МСП ќе можат да напредуваат.

Додека најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваат МСП се слични насекаде, постојат значителни разлики за нивните приоритети и потреби во различни земји. Реалноста е дека малите бизниси се екстремно хетерогени во нивната големина, сектор, сопственост, деловни модели и аспирации и не постои еднинствен пристап кој би одговарал на сите. Оттука, сегментацијата на пазарот на МСП е од витално значење за интервенции во политиката.

Истражувањата покажуваат дека над 50% од новите бизниси пропаѓаат во текот на првите пет години. Иако малите и средните претпријатија можат да затворат продавница од различни причини, не сите мали и средни претпријатија кои не преживеале претставуваат „неуспеси“. Важноста и пристапот до квалитетни деловни информаци, совети и експертизи кои ќе помогнат во започнувањето или водењето на бизнисот низ безброј деловни прашања е од витално значење и се поврзани со подобри перформанси, подобрени стапки на преживување, раст, финансиски перформанси и подобрена база за донесување одлуки.

Постои едно целокупно подобрено и зголемено ниво на податоци, истражувања и знаења достапни во последните години за МСП на глобално ниво. Ова вклучува:

Годишниот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка дава рангирање на 190 различни економии за леснотијата на водење бизнис, што ги зема во предвид десетте различни теми:

Рангирањето на една нација на индексот се заснова на просекот од 10 подиндекси:

Започнување бизнис – процедури, време, трошоци и минимален капитал за регистрирање и отворање на нов бизнис

Добивање на градежни дозволи – процедури, време и трошоци за изградба на магацин

Пристап до електрична енергија – процедури, време и трошоци потребни за бизнисот да добие постојан приклучок за електрична енергија за новоизграден магацин

Впишување на сопственост – процедури, време и трошоци за регистрација на комерцијални недвижности

Добивање кредит – индекс на квалитетот на законските права, индекс на информации за квалитетот на кредитот

Заштита на инвеститорите – индекси за правата на акционерите

Плаќање даноци – број на платени даноци, годишно часови потребни за подготовка на даночни пријави и вкупен данок што се плаќа како дел од бруто добивката

Надворешна трговија  – број на документи, трошоци и време потребни за извоз и увоз

Спроведување договори – процедури, време и трошоци за извршување на договор за долг

Решавање на несолвентност – времето, трошоците и стапката на наплата (%) во стечајна постапка

Регулирање на пазарот на трудот.

OECD Scorecard Financing SMEs and Entrepreneurs е годишна публикација која обезбедува информации за долгот, капиталот, финансиите, условите за финансирање на малите и средните претпријатија и претприемништвото и најновите регулаторни мерки. Осмото издание дава податоци од 46 земји и известува дека банкарските кредити се зголемуваат со скромно темпо во многу земји, а се намалуваат во некои други, додека генерално имало зголемување за други извори, како што се лизинг, факторинг, онлајн алтернативни финансии и инвестиции во ризичен капитал. Во исто време, растечкиот дел од МСП се потпираат на самофинансирање за нивните инвестициски потреби и готовинските текови.

OECD SME and Entrepreneurship Outlook на ОЕЦД за мали и средни претпријатија и претприемништво претставува преглед на деловните бизнис услови и регулаторната рамка. На креаторите на политиките им нуди нови алатки за бенчмаркинг и увид во добрите практики за да помогнат во формирањето на националните политики за МСП и претприемништвото.

Глобалниот монитор за претприемништво (ГЕМ) – The Global Entrepreneurship Monitor – GEM) кој веќе 17 години обезбедува увид во над 100 земји за претприемничкото однесување и ставовите на поединците, земајќи го предвид националниот контекст и како тоа влијае на претприемништвото. На пример, во извештајот за 2018/2019 година за 47 економии кои ја проценуваат семејната деловна активност, скоро 20% започнуваат бизниси кои ќе бидат во сопственост и/или управувани со членови на семејството.

Истражувањето за иднината на бизнисот (The Future of Business Survey) заеднички развиено од ОЕЦД, Светската банка и Фејсбук креира навремени информации за тоа како фирмите со дигитално присуство ја проценуваат моменталната состојба и идните изгледи на нивниот бизнис, главните предизвици со кои се соочуваат и нивната вклученост во меѓународната трговија.

Извор: ифак