Мултимилионска 6G инвестиција за изградба на дигитална инфраструктура

Шведската компанија Ериксон најави мултимилионска инвестиција за да го поттикне развојот на 6G технологијата.

Со 6G ерата која е на хоризонтот, Ericsson најави мултимилионска инвестиција фокусирана на следната генерација на вмрежување, од когнитивни мрежи и вештачка интелигенција (AI) до енергетска ефикасност.

Се очекува да биде комерцијално достапна во 2030-тите, 6G ќе донесе мрежно поврзување на следното ниво: од паметни градови, фарми или фабрики и роботика. Ќе го поврзе физичкиот свет со нашиот човечки свет, благодарение на масовното распоредување на сензори и вештачка интелигенција и машинско учење (AI/ML) со дигитални двојни модели и синхрони ажурирања во реално време.

Ериксон ги објави плановите за формирање нова истражувачка единица во Велика Британија со намера да ги зајакне идните можности за безжично поврзување на земјата. Во 10-годишната програма фокусирана на 6G истражување и најнови иновации, областите на истражување ќе вклучуваат отпорност и безбедност на мрежата, вештачка интелигенција, когнитивни мрежи и енергетска ефикасност – сите оние што се сметаат за клучни градежни блокови на идната светска дигитална инфраструктура за општеството, индустриите и потрошувачите. Во Ериксон велат дека програмата ќе вработи 20 посветени истражувачи и ќе поддржи дополнителни докторанти кои ќе работат заедно со водечките академици, CSP и индустриски партнери за да ги водат истражувачките 6G проекти  кои придонесуваат за развој на глобална технологија, мрежните иновации и решенија за нови производи.

6G за спојување на физичкиот и дигиталниот свет со различни видови на употреба и користење

6G се очекува да стане достапна во 2030-тите, надоградувајќи се на опшествените, потрошувачки и индустриски откритија за мобилно поврзување овозможени од врвните можности на 5G. Се очекува дека 6G ќе ги спои дигиталниот и физичкиот свет, ќе придонесе за поинтелигентно, одржливо и ефикасно општество и ќе помогне да се овозможат нови видови на употреба и користење кои вклучуваат повеќесензорна проширена реалност, прецизно здравство, паметно земјоделство, коботи и интелигентни автономни системи. Така Ериксон најавува да биде лидер во развојот на идните комуникации и глобалните стандарди.

Најавата на Ериксон следи по објавената намера на Нокиа дека ќе отпочне со 6G проект во Германија, наречен 6G-ANNA, кој ќе испорачува технологии кои „го зголемуваат човечкиот потенцијал“.

Како дел од поголемата национална иницијатива „6G Platform German“, која има вкупна вредност од 38,4 милиони евра со времетраење од три години, финскиот телекомуникациски провајдер ќе се фокусира на дизајнирање на сеопфатна 6G архитектура и ќе работи со други проектни партнери на три клучни технолошки области: пристап до 6G, мрежа на мрежи и автоматизација и поедноставување.