Перспективни технологии

Перспективни (emerging) технологии кои доаѓаат се технологии чиј развој, практични апликации или и двете се сè уште во голема мера нереализирани. Овие технологии се генерално нови, но вклучуваат и постари технологии за нови примени. Перспективните технологии често се перципираат како способни да го променат статус квото.

Перспективните технологии се карактеризираат со радикална новина (во примената ако не по потекло), релативно брз раст, кохерентност, значајно влијание. Со други зборови, ваквата нова технологија може да се дефинира како радикално нова и релативно брзо растечка технологија која се карактеризира со одреден степен на кохерентност што опстојува со текот на времето и со потенцијал да има значително влијание врз социо-економскиот домен(и). Нејзиното најистакнато влијание, сепак, лежи во иднината и затоа во фазата на појавување е сè уште малку неизвесна и двосмислена.

Перспективните технологии вклучуваат различни технологии како што се образовната технологија, информатичката технологија, нанотехнологијата, биотехнологијата, роботиката и вештачката интелигенција.