Создавање на нова генерација вселенски станици

Војаџер Спејс и Ербас објавија меѓународно партнерство за идната нова вселенска станица Старлаб за да се обезбеди континуирана соработка на САД и Европа во орбитата.

Војаџер Спејс и Ербас Дефенс и Спејс соработуваат за развој и управување со Старлаб, слободно летечка вселенска станица за да и служи на Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) и други вселенски агенции. Starlab треба да биде лансиран во 2028 година за да обезбеди континуирано човечко присуство во ниската орбита на Земјата (Low-Earth Orbit – LEO).

Airbus Defense and Space ќе обезбеди техничка поддршка за дизајн и експертиза за вселенската станица Старлаб, која ќе служи како лабораторија на орбитата за астронаутите да спроведуваат истражувања и да ги унапредат научните откритија. Starlab е дизајниран да обезбеди 100 отсто од носивоста на Меѓународната вселенска станица со можност за спроведување на стотици експерименти и технички истражувања годишно.

Од Ербас Дефенс и Спејс велат дека нивната визија е да создадат најпристапна инфраструктура во вселената за да и служи на научната заедница, вселенска станица од следната генерација за глобални астронаути. Ова партнерство со Voyager Space е првиот чекор кон создавање на следната генерација вселенски станици за да им служи на меѓународните астронаути и се посочува дека ова е поддршка на проект насочен кон менување на историјата.

Војаџер и неговата оперативна компанија, Nanoracks, добија договор од НАСА за вселенскиот проект во вредност од 160 милиони американски долари во декември 2021 за да се создаде Starlab, вселенска станица со постојан екипаж и слободно летање која ќе ја замени Меѓународната вселенска станица. Starlab е дизајниран да служи и како дом за научниот парк Џорџ Вашингтон Карвер, првиот научен парк во вселената, каде што научниците и индустриските експерти можат да споделуваат наоди, да соработуваат и да користат нови технологии за да ги унапредат научните и комерцијалните напори.

Извор: ТМ