Што е БИМ – Информатичко моделирање на градби

БИМ е дигитална алатка во градежната индустрија за дигитализација на градежната индустрија и мерливи заштеди на енергија.

БИМ моделирањето на информациите за градба е концепт кој е тренд во градежништвото и подразбира генерирање и управување на дигиталната претстава на физичките и функционалните карактеристики на градбата. БИМ моделот ги содржи сите информации за градежната структура – нејзиниот дизајн, процесот на градење и оперативната фаза. Овој модел содржи илјадници складирани податоци поврзани со градбата, од најмалата навртка или завртка, до најголемиот бетонски столб во градбата.

Создавање и модификација на БИМ модели и елементи во 3Д параметарска БИМ околина е високо професионална активност која бара не само специјално знаење од областа на градежништвото, туку и вештини за користење специјализиран софтвер со кој се овозможува користење на БИМ.