
Во објаснување на дефиницијата за економскиот раст, потребно е да се укаже на неверојатно широкиот опсег на стоки и услуги што ги произведуваат луѓето. Ова е корисно бидејќи мерките за економскиот аутпут лесно можат да станат апстрактни, при што лесно ја губиме менталната врска со стоките и услугите за кои всушност зборуваат таквите мерки.
Еден список на добра и услуги кој не е наведен како некоја конечна листа, помага полесно да ја воочиме врската на сиромаштијата и растот.
Дома: Светлата во нашиот дом; фрижидер; греење; канализациониот систем; климатизација; електрична енергија; прозорци; тоалет; балкон или градина; проточна вода; топла вода; прибор за јадење и садови; печка; шпорет (кој не задимува); теписи; сапун; тоалетна хартија; тушовите; правосмукалка; музички снимки или дури и онлајн стриминг на светската музика и филм; кеси за отпадоци и собирање на смет; радио; телевизија; машина за перење; мебел; телефон; удобен кревет и сопствена соба.
Храна: Најосновната потреба е да имаме доволно храна. Во периоди од човечката историја, голем дел од луѓето страдале од глад.
Но, исто така, треба да имаме хранлива и разновидна исхрана за да ги добиеме сите хранливи материи што ни се потребни.
Исто така, чиста вода за пиење; снабдени пазари и продавници со широк спектар на достапни стоки; храна која е безбедна и не предизвикува здравствени проблеми, како труење (на пример, пастеризирано млеко); основни прехранбени состојки од брашно до сол, шеќер и разни зачини; јогурт и кисело млеко; свежо овошје и зеленчук; чај и кафе; чоколадо и слатки; кујнски прибор за приготвување; можност за одење во ресторан; храна за носење; начини да ја заштитиме нашата храна од расипување (од ладниот синџир што ја доставува стоката до материјалите за пакување за да се завитка и чува); вино или пиво; ѓубриво за земјоделство; трактори и друга механизација за работа на нивите.
Знаење: Образование од основно до универзитетско ниво; градинки; книги; податоци и информации кои ни овозможуваат да се разбереме себеси и светот околу нас; весници или електронски вести; стручна обука; научно знаење.
Инфраструктура: Јавен превоз со автобуси, метро и возови; авиони; патишта; асфалтирани патишта; мостови; градови; паркови; поштенски услуги (што испорачува брзо); финансиски услуги (вклучувајќи банкарски сметки); национални паркови и туристички места; мрежа на компетентни мајстори и работници; пожарникари; одржување и чистење на улиците; систем за управување со отпад.

Алатки и технологии: Хартија, моливи и хемиски пенкала; автомобили; автомеханичари; велосипеди; електрични алати како на пр. дупчалки; часовници; батерии; компјутери и мобилни телефони; интернетот.
Јавни услуги: Обучени негуватели за оние кои се болни, инвалиди или постари лица; заштита од криминал и насилство; правен систем со судии и адвокати кои го спроведуваат владеењето на правото; боледување и инвалидски надоместоци; осигурувања (од многу различни ризици); помош за невработеност; здруженија, хуманитарни дејности и верски организации.
Слободно време: патување и одмор; хотели и престојувалишта; кино, театар или музички концерт; игралишта; спортски натпревари; курсеви за учење вештини и хоби (од сликарство, странски јазици до музички вештини); облека (специфична, на пр. која не загрева и не штити); обувки (за најразлични намени); детски играчки; музички инструменти; апарати за снимање; домашни миленици; забави за дружење и разонода.
Здравје: болници – вклучувајќи многу добро опремени, модерни болници кои нудат скенирања, кои вклучуваат единици за интензивна нега и дозволуваат најнапредни и најкомплексни операции; анестезии; стоматолози; фармацевтски лекови; вакцини; амбулантни возила; пасти и четки за заби; гази и фластери; хигиенски влошки; средства за дезинфекција; очила, очила за сонце и леќи; помагала за слушање.
Специфични потреби и желби: Повеќето од производите наведени погоре се општо корисни за луѓето. Но, честопати стоките и услугите кои се важни за еден поединец се многу специфични.
Сите овие добра и услуги не се појавуваат магично. Тие треба да се произведат. Во одреден период во минатото, производството на повеќето од нив не постоело, а дури и најсуштинските биле исклучително оскудни. Значи, ако сакаме да знаеме што значи економскиот раст за нашиот живот и начин на живеење, треба да го погледнеме списокот погоре.