Monarch го испорачува својот прв робот-трактор

Monarch Tractor ја најави продажбата на својот прв MK-V модел. „Паметниот трактор“ е електричен и со она што компанијата го нарекува „возач опционално“, а опциите „автономно“, „само-возење“ доаѓаат со свој уникатен сет на опрема, па слободно може да се нарекува „роботски трактор“.

Првата единица ќе ја добие производителот на вино Constellation Brands, кој купи половина дузина од тракторите. На пат се и дополнителни пратки „до семејни фарми и други големи мултинационални корпорации“.

Од Monarch Tractor велат дека ова е значаен ден за кој се подготвувале со години, работејќи неуморно со мисија да го направат земјоделството попрофитабилно и поодржливо, со посветеност на технолошките иновации и одржливи решенија.