Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки

Во „Службен весник на РСМ“ бр.41/22, Владата на РСМ објави Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Во „Службен весник на РСМ“ бр.41/22, Владата објави Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Оваа Одлука ќе се применува од 1 Март 2022 година до 31 Мај 2022 година.

Со оваа Одлука е определена највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата.

Трговската маржа се утврдува во вкупен износ:

  • до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо,
  • до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.

Во вкупниот износ на трговската маржа во трговијата на мало се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови, односно полици (примарни и секундарни позиции).
 
Овој посебен услов во трговијата се однесува за следните стоки:

  • Леб;
  • Шеќер;
  • Сол;
  • брашно-тип 400;
  • сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење;
  • трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • свежо месо и сувомеснати производи;
  • сирење и урда;
  • Ориз;
  • Јајца;
  • Тестенини;
  • Пченица и
  • Овошје и зеленчук.